„Русокосата бомбардерка“ со брза нокаут победа

„Русокосата бомбардерка“ со брза нокаут победа

пред 3 години

Австралиската боксерка со прекар „Русокоса бомбардерка“ (Blonde Bomber), Ибани Бриџис ја нокаутираше Бек Коноли во третата рунда од мечот во Есекс, Англија, по што ја повика шампионката Шенон Кортнеј на римеч.

Бриџис, која има многу фанови на социјалните мрежи поради својот изглед, доминираше од втората рунда против 37-годишната Коноли, за која ова беше 10. пораз во последните 13. меча.

„Убаво е да имаш фанови на социјалните мрежи кои ти даваат љубов, но ако не победуваш, тоа не значи многу. Сакав да ја скршам, и тоа можев да го направам само со удари во главата“, изјави Бриџис по мечот.

Таа сега сака одмазда против Британката Кортнеј, од која загуби во меч за ВБА титулата во бантам категорија во Лондон во април.

„Се надевам дека и таа сака римеч. Ако не прифати меч, секако, тоа ќе изгледа како да бега од мене“, изјави 34-годишната Бриџис.

Share
Scroll to Top