Сабаленка по шокантната елиминација: Влегов во црна дупка, не можев да се вратам на вистинскиот пат

Сабаленка по шокантната елиминација: Влегов во црна дупка, не можев да се вратам на вистинскиот пат

пред 2 часа

Најдобрата светска тенисерка, Арина Сабаленка, доживеа шокантна елиминација во четвртфиналето на Ролан Гарос. Сабаленка имаше предност од 1:0 и 5:3 во вториот сет, потоа загуби десет гемови во низа и Дијана Шнајдер со 3:6, 7:5, 6:0 се пласира во полуфиналето.

„Немам мисли, немам емоции. Сакам сега да се повлечам од тенисот. Се надевам дека за неколку дена ќе се вратам на вистинскиот пат ментално. Имав добри шанси во вториот сет да завршам, но грешев. Потоа таа засили, играше агресивно. Не можев ментално да се опоравам по вториот сет, тоа е мојата најголема грешка денес“, рече Сабаленка и додаде:

„Не знам кога последен пат ми се случи ова, да изгубам десет гема по ред. Психички, влегов во некоја црна дупка и не можев да се вратам на вистинскиот пат.“

Ветерот предизвика многу проблеми.

„Не знам зошто го држеа покривот отворен кога ветерот дуваше толку силно, но како можам да се жалам кога играв добро поголемиот дел од натпреварот… Можеби е до мене, можеби е затоа што „полудев“. Минатата година беше слично, па следниот ден го затворија покривот за машкиот натпревар. Со затворен покрив, ќе беше подобар натпревар, но таа сигурно играше подобро, влезе на теренот и погодуваше.“

Следна соперничка на Русинката Шнајдер ќе биде Полјачката Маја Хвалинскаја. Во второто полуфинале ќе се сретнат Украинката Марта Костјук и Русинката Мира Андреева.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top