Сабаленка пред мечот со Костјук: Немам проблем ако ме мрази

Сабаленка пред мечот со Костјук: Немам проблем ако ме мрази

пред 2 години

Најдобрата белоруска тенисерка Арина Сабаленка вели дека е во ред ако украинската ривалка Марта Костјук ја мрази пред нивниот меч во првото коло на Ролан Гарос.

Костјук е една од најгласните тенисерки од Украина кои сметаат дека на Русите и Белорусите не им е место на елитните тениски турнири поради војната во Украина и сигурно ќе ја продолжи традицијата да не се ракува со своите ривали.

„Ако ме мрази, тоа е океј. Не можам да направам ништо околу тоа. Има луѓе кои ме сакаат, има луѓе кои ме мразат. Ако таа ме мрази, тогаш јас не чувстувам такво нешто кон неа“, објасни 25-годишната Сабаленка.

Костјук одби да се ракува со сонародничката на Сабаленка, двократната гренд слем шампионка Викторија Азаренка на САД опен минатата година.

„Да можев, ќе ја сопрев војната. А за тоа што не сакаат да се ракуваат, делумно ги разбирам. Замислете ако се ракуваат со Руси и Белоруси колку пораки ќе имаат од нивната земја. Но, во исто време спортот нема потреба да се меша во политиката. Ние сме само спортисти“, вели Сабленка.

Share
Scroll to Top