Савиќевиќ за Суперлигата и лажгото Флорентино Перез

Савиќевиќ за Суперлигата и лажгото Флорентино Перез

пред 3 години

Дејан Савиќевиќ, првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, во интервју за „Вјести“, проговорил и за проектот Суперлига. Савиќевиќ најмногу го коментирал однесувањето на претседателот на Реал, Флорентино Перез.

„Перез лаже со изјвата дека Баерн Минхен не биле поканети во таа лига. Чиста лага. Баерн е еден од најголемите клубови во светот. Сака да каже дека го поканиле Тотенхем, а Баерн не? Тоа не е вистина, Баерн не сакаа да учестуваат во Суперлигата, исто како и Борусија Дортмунд“, рекол Дејо, и потоа дополнително „удрил“ по Реал.

„Слушнав кога Чеферин кажа кои клубови би учествувале во Суперлигата доколку таа се формираше пред 20 години. Реал тогаш беа смешни, Милан на Ариго Саки им даде девет гола во два натпревари. Тогаш во врвот беа Астон Вила, Порто, Вердер, Монако, ПСЖ…Овие 12 клубови кои сакаа да играат во Суперлигата, до сегашната вредност на пазарот дојдоа низ системот на Лигата на шампиони на УЕФА. Тој систем го смисли Ленард Јохансон, а продолжија да го развиваат Мишел Платини и сега Александар Чеферин. Низ тој систем тие си ја зголемија вредноста и сега можат да се задолжат за 600, 700 или 900 милиони евра“, рекол Савиќевиќ.

Share
Scroll to Top