САД со убедлив триумф од 4:1 против Парагвај

САД со убедлив триумф од 4:1 против Парагвај

пред 4 часа

Фудбалската репрезентација на Соединети Американски Држави го победи Парагвај со 4:1 во натпревар од првото коло во групата Д на Светското првенство.

Американците поведоа уште во 7. минута со автогол на Дамијан Бобадиља, а потоа Фоларин Балоган двапати ја затресе мрежата, во 31. минута и во судиското продолжение на првото полувреме. Конечните 4:1 ги постави Џовани Рејна во осмата минута од судиското продолжение.

Единствениот гол за Парагвај го постигна Маурисио во 73. минута.

Пред почетокот на натпреварот во Инглвуд, во близина на Лос Анџелес, беше одржана церемонија на отворање на која настапи поп-ѕвездата Кејти Пери.

Share
Scroll to Top