Ливерпул лечеше рани против Глазгов Ренџерс и победи со 1:7, а Мохамед Салах кој не играше ниту половина час, постигна хет – трик кој ќе влезе во историјата на ЛШ.
Салах влезе како замена во 68. минута, првиот гол го постигна во 76. минута од мечот, а за само шест минути комплетираше хет-трик. Или поточно, за хет-трикот му беа потребни шест минути и 12 секунди.
Претходниот рекорд го држеше Бафетимби Гомис кој во 2011 година за осум минути му даде три гола на Динамо Загреб (7:1).
6 – Mo Salah has scored a hat-trick with just six minutes and 12 seconds between his first and third goals, the quickest ever in UEFA Champions League history. Lightning. pic.twitter.com/cuZ2YquoiF
— OptaJoe (@OptaJoe) October 12, 2022