Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах го продолжил договорот со Ливерпул. Ова го тврди поранешниот египетски репрезентативец Хејтам Фарук преку својот профил на „Х“. Фарук работи како стручен консултант на телевизијата „beiN Sport“, која има одлични односи со најдобриот играч на Ливерпул.
„Честитки за продолжувањето на договорот со бројот што го сакате и периодот што го посакуваше“, напиша Фарук.
Во овој момент Салах е најдобриот играч во светот. Крилниот напаѓач на „црвените“ игра брилијантно, сезонава постигна 15 гола со 12 асистенции на 21 натпревар.
مبروك عليهم تجديد عقدك بالرقم الذي تحبه والمدة التى تريدها .
الملك المصري يحكم بأحكامه . pic.twitter.com/QnbONcL0vl— Haytham Farouk (@HaythamFarouk) December 4, 2024