Салах незадржлив – Ливерпул се доближи до дуото од Манчестер

Салах незадржлив – Ливерпул се доближи до дуото од Манчестер

пред 3 години

Екипата на Ливерпул се чини полесно од очекувањата славеше победа со 3-1 на гостувањето кај Вест Хем во 21 коло од Премиерлигата.

„Црвените“ до триумфот стигнаа пред се благодарение на одличната ефикасност на Мохамед Салах кој на двапати прецизно стрелаше во голот на Фабијански.

Иако и во првиот дел фудбалерите предводени од Јирген Клоп ја имаа доминацијата на теренот, мрежите мируваа.
Во второто полувреме Салах во 57 минута донесе гостинско водство од 0-1.

Само 11 минути подоцна истиот играч погоди по вторпат, за веќе поубедливи 0-2.

Во 84 минута Вајналдум по третпат ја тресе мрежата на Вест Хем за недостижни 0-3.

Единствено што успеаја домаќините да сторат до крајот е да го намалат резултатот на 1-3. Доусон во 87 минута ги постави конечните 1-3.

Со денешните 3 бода Ливерпул се искачи на третата позиција со 40 освоени бодови, и сега е само на -1 од Манчестер Јунајтед на втората позиција.

Лидерот Манчестер Сити има 44 поени, но и меч повеќе за играње од двата конкуренти.

Share
Scroll to Top