Салах ја игра последната сезона во Ливерпул

Салах ја игра последната сезона во Ливерпул

пред 4 месеци

Мохамед Салах, вчера упте еднаш покажа дека Манчестер јунајтед му е омилен противник во Премиер лигата. Крилниот напаѓач на последните седум гостувања на „Олд Трафорд“ десет пати ја тресел мрежата на Јунајтед.

Салах го предводеше Ливерпул до импресивната победа од 3:0. Најпрвин два пати му асистираше на Луис Дијаз, а потоа и самиот го совлада Онана.

Репрезентативецот на Египет, по натпреварот со една изјава ги шокира навивачите на Ливерпул.

„Поминав добро лето, посветив долго време размислувајќи за иднината. Ова е мојата последна година во клубот и сакам да уживам. Чувствувам дека сум слободен да играм фудбал, ќе видиме што ќе се случи следната година“.

Новинарите беа изненадени од ваквиот одговор.

„Да бидам фер, можеби последен пат играв на „Олд Трафорд“. Никој во клубот не разговарал со мене за нов договор. Не зависи од мене, туку од клубот“.

Договорот на Салах со Ливерпул истекува во јуни 2025 година.

Share
Scroll to Top