Салцбург бара „вреќа со пари“ за Бени Шешко

Салцбург бара „вреќа со пари“ за Бени Шешко

пред 2 години

Фудбалскиот клуб Салцбург нема намера лесно да се откаже од услугите на младиот Словенец Бени Шешко. Манчестер јунајтед, поточно тренерот Ерик Тен Хаг, покажаа интерес за 19-годишниот напаѓач. Тен Хаг сметал дека Шешко може да биде замената за Кристијано Роналдо кој е подготвен да го напушти „Олд Трафорд“.

Јунајтед се уште не испратиле официјална понуда, ниту пак се обиделе да го отворат преговорите, но според објавата на клубот, доколку дојде до нив, на Англичаните нема да им биде лесно.

„Сакаме 300.000.000 евра и Бруно“, стои во пораката на Твитер профилот на Австријците над веста на Фабрицио Романо за интересот на Манчестер јунајтед за Бени Шешко.

Напаѓачот пред три години од Домжале пристигна во Салцбург.

Share
Scroll to Top