Сандерленд ќе се продава на 22-годишник!

Сандерленд ќе се продава на 22-годишник!

пред 3 години

Стјуарт Доналд, газдата на поранешниот премиерлигаш Сандерленд се согласил да го продаде својот клуб на конзорциум предводен од досегашниот акционер Хуан Сартори и 22-годишниот Кирил Луис-Дрејфус, 22-годишниот син на поранешниот газда на Олимпик Марсеј, Роберт Луис-Дрејфус, јавува „Гардијан“.

Доналд подолго време се обидуваше да најде купувач за Сандерленд, и сега го најде во Уругваецот Сартори, кој досега имаше 20 отсто од акциите на клубот и кој успеа да го убеди 22-годишниот Луис-Дрејфус, еден од наследниците на богатото семејство од Франција, кое тежи над 120 милијарди долари.

Кирил, заедно со својот брат близнак Морис, е еден од тројцата наследници на богатството на неговиот татко кој почина во 2009 и само во својот семеен траст има 2 милијарди долари. Тој останува малцински акционер и во Марсеј по продажбата на клубот во 2016 година.

Сандерленд, кои едно време беа постојани во Премиер лигата, моментално играат само во третата англиска лига и се на шестото место на табелата по 10 меча.

Share
Scroll to Top