Санчо со прва порака по финалето: Ги изневерив сите, ова е најлошото чувство

Санчо со прва порака по финалето: Ги изневерив сите, ова е најлошото чувство

пред 3 години

Првпат по финалето на ЕУРО 2020 се огласи новиот играч на Манчестер Јунајтед, еден од трагичарите во таборот на Англичаните – Џејдон Санчо. Тој заедно со Рашфорд и Сака беше непрецизен од белата точка во пенал серијата, па титулата европски шампион отиде кај Италија.

„Имав шанса неколку дена да размислам за се што се случи во финалето. Прво сакам да им се извинам на соиграчите, на стручниот штаб и најмногу на навивачите кои ги изневерив. Ова е најлошото чувство кое сум го имал во кариерата. Тешко ми е со зборови да објаснам што чувствувам, но може да се изведат и многу позитивни работи од целава ситуација“ рече Санчо кој во игра влезе во 119 минута.

„Мојата прва мисла беше како да му помогнам на тимот, токму тоа сакав да го сторам и со пеналот. Бев подготвен, полн со самодоверба пред изведувањето. Тоа се моментите кои ги сонувате како дете, затоа играте фудбал. Тој притисок, таква ситуација, сето тоа го сакате како фудбалер. Сум давал голови од пенал порано во кариерата, вежбав на тренинзите, избрав страна, но за жал не било судено“ рече Санчо.

Многумина потегот на Саутгејт да го внесе Санчо, заедно со Рашфорд во последната минута само за да шутнат пенал го нарекоа кардинална грешка затоа што од игра извади двајца искусни фудбалери – Џордан Хендерсон и Кајл Вокер.

„Сите имавме иста амбиција и цел, сакавме да го донесеме трофејот дома. Ова е камп во кој најмногу уживав во мојата кариера. Бевме заедно како тим, како семејство и на терен и надвор до него“ рече тој.

Share
Scroll to Top