Поранешниот тренер на Јувентус, Маурицио Сари наводно не сака да го раскине договорот со „Старата дама“, пренесуваат италијанските медиуми.
Сари летото 2019 година потпиша тригодишен договор вреден 6 милиони евра по сезона. По првата сезона на клупата на италијанскиот шампион заработи отказ. Од клубот се обидоа да најдат решение, и беа блиску да го убедат Сари да го раскине договорот кога Италијанецот беше блиску до клупата на Фиорентина. Таа работа се изјалови, па сега тој си прима плата и бонуси на сметка на Јуве.
Јувентус во март идната година ќе може да го прекине договорот со него за 2.5 милиони евра компензација.
Моментно Сари е без ангажман.