Саутемптон новиот менаџер го најде во Свонси

Саутемптон новиот менаџер го најде во Свонси

пред 2 години

Расел Мартин, менаџерот на англискиот второлигаш Свонси, кариерата ќе ја продолжи во Саутемптон. „Светците“ се последни во табелата во Премиер лигата и од следната сезона ќе се натпреваруваат во втората лига на англискиот фудбал, Чемпионшип.

Како што пренесува Би-би-си, преговорите со Мартин се при крај и тој треба да му на Саутемптон експресно да се врати во Премиер лигата.

Саутемптон смени тројца менаџери оваа сезона. Сезоната ја започна со искусниот Австриец Ралф Хасенхител (55), него во ноември го замени Велшанецот Нејтан Џонс (49), а од февруари тимот го предводи Шпанецот Рубен Селеш (39).

Расел Мартин е поранешен капитен на Норич и поранешен шкотски репрезентативец, има само 37 години, а до сега покрај Свонси го тренираше и Милтон Кејнс Донс.

Сезонава со Свонси го зазеде 10. место во Чемпионшип.

Share
Scroll to Top