Сафин: Алкараз и Синнер немаше да бидат број 1 во времето на Големата тројка

Сафин: Алкараз и Синнер немаше да бидат број 1 во времето на Големата тројка

пред 2 часа

Дилемите на тема споредување на Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер од една страна и Карлос Алкараз и Јаник Синер од друга страна, никогаш не завршуваат.

Особено сега кога се ближи крајот на сезоната и практично останува само овој викенд пред да се спушти завесата. За Марат Сафин, кој од прва рака ги познава квалитетите на сите петмина, нема дилема.

„Ако Синер и Алкараз се сретнаа со Ѓоковиќ, Надал или Федерер во времето кога беа на својот врв, никогаш немаше да успеат да бидат број 1, ниту пак да освојат толку многу Гренд слем титули колку што имаат сега“, категоричен е Русинот.

Сафин играше со сите тројца од најголемите великани во историјата. Најдобро се снајде против Ѓоковиќ, кого го победи во двата натпревари. Токму против него Ноле го одигра првиот дуел во кариерата на Гренд слем турнирите и убедливо го загуби на почетокот на Австралија Опен во 2005 година.

Десет дена подоцна, Марат го надигра Федерер во феноменален натпревар во полуфиналето, а потоа ја освои титулата против Лејтон Хјуит.

Тоа беше еден од неговите два триумфа против Швајцарецот, но тој забележа дури десет порази. Играше и со Надал двапати, но двата пати загуби.

Секако, Сафин никогаш не играл против Јаник или Карлос бидејќи разликата во годините е преголема, но како тренер на Андреј Рубљов, тој мораше да ја анализира нивната игра и да ги гледа во акција.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top