Светските спортски медиуми за „кралот“ Пандев и бајката на Македонија

Светските спортски медиуми за „кралот“ Пандев и бајката на Македонија

пред 3 години

Сите поголеми спортски весници, веб-сајтови и портали во Европа ја пренесоа „неверојатната фудбалска“ приказна на Македонија и пласманот на Европското првенство следната година.

Од италијанските „Газета дело спорт“ и „Тутоспорт“, до шпанските „Марка“ и „АС“, францускиот „Л’Екип“ и „Спортски журнал“ од Србија, сите посочуваат дека ова е историски пласман на една мала земја на едно големо натпреварување, посочувајќи го ветеранот Пандев како човек кој е 19 години во репрезентацијата и го постигнува победничкиот гол.

Share
Scroll to Top