Светски рекорд и златен медал за Вархолм

Светски рекорд и златен медал за Вархолм

пред 3 години

Карстен Вархолм го освои златниот медал, со време на нов светски рекорд, на трката на 400 метри со пречки, на Олимписките игри во Токио.

Норвежанецот, во Токио, уште еднаш потврди дека нема конкурент во оваа дисциплина. Тој за 76 стотинки го подобри сосптвениот светски рекорд. Во целта Вархолм влезе со резултат 45,94 секунди.

Среброто му припадна на Реј Бенџамин од САД, а бронзата ја освои Бразилецот Алсон дос Сантос.

Ова е вториот светски рекорд на ОИ во Токио. Претходно во трискок, најдобро време на сите времиња, постави Јулимар Рохас од Венецуела.

Share
Scroll to Top