Севилја го „урна“ Атлетико, утре Барса може да дојде на поен до нив!

Севилја го „урна“ Атлетико, утре Барса може да дојде на поен до нив!

пред 3 години

Атлетико Мадрид го доживеа само третиот пораз оваа сезона во Ла лига, откако Севилја на „Рамон Санчез Писхуан“ стигна до тешко извојувана 1:0 победа и покрај рано одбранетиот пенал од страна на Јан Облак.

Со овој резултат, Севилја се зацврстува на четвртото место на табелата, а Барселона може да дојде на само поен до Атлетико доколку утре го совлада Валјадолид.

Тимот на Хулен Лопетеги имаше совршена шанса да дојде во рано водство против лидерот, кога во осмата минута беше досуден пенал за Севилја, меѓутоа обидот на Луис Окампос заврши во рацете на фантастичниот Јан Облак.

Сепак, во 70. минута ниту Облак не можеше да го сопре деби-голот на Маркос Акуња во дресот на Севилја по одличното додавање на Хесус Навас.

Атлетико сега по 29 кола има 66 поени, три пред Реал Мадрид (исто така со 29 меча), додека Барселона има 62 со натпревар помалку. Севилја има 58 поени, и огромни девет пред градските ривали Бетис и Вилјареал.

Share
Scroll to Top