Севилја се фаворити за потписот на Иско

Севилја се фаворити за потписот на Иско

пред 3 години

Иско нема да го напушти Реал во јануарскиот преоден рок, туку куферите ќе си ги спакува по завршувањето на сезоната. „АС“, тврди дека Иско, решил кариерата да ја продолжи во Севилја.

Иско, игра малку оваа сезона, сака да замине, но прашање е дали Реал ќе го продаде во клуб кој секоја сезона се бори за пласман во Лигата на шампионите.

Фудбалерот ја одбрал Севилја поради тренерот Хулен Лопетеги. Иско и Лопетеги имаа можност да соработуваат во репрезентацијата на Шпанија и неколку месеци во Реал.

„АС“, проценува дека доколку во Реал решат да го пуштат Иско во Севилја, дека за трансферот ќе бараат помеѓу 15 и 20 милиони евра.

Share
Scroll to Top