Севилја со триумф влезе во „сендвич“ меѓу Барса и Реал

Севилја со триумф влезе во „сендвич“ меѓу Барса и Реал

пред 3 години

Само еден гол беше доволен за бодовите да останат во Андалузија. Севилја со 1-0 попладнево славеше против Уеска во 23. коло од Ла Лига.

Во меч во кој поседот го имаа домаќините, а ударите кон противничките голови беа речиси израмнети пресуден беше еден потег. Оној на Ел Хадади во 57 минута кога по центаршутот на Торес со глава биеше неодбранливо во аголот од голот на Фернандез.

Со денешните 3 поени Севилја барем за момент се искачи на третата позиција зад второпласираниот Реал и пред четвртопласираната Барселона.

Уеска останува „фенерџија“ со само 16 освоени бода.

Share
Scroll to Top