Севилја ја продолжи низата и скокна на четвртото место

Севилја ја продолжи низата и скокна на четвртото место

пред 3 години

Севилја ја продолжи одличната низа на резултати победувајќи го Вилјареал со 2:0 во првиот меч по божиќните празници за да се искачи на четвртото место на табелата.

Тимот на Хулен Лопетеги има три победи во четирите меча по поразот од Реал Мадрид во дербито, и успеа да му го нанесе само вториот пораз на Вилјареал и да замени на четвртото место во Ла лига.

Луис Окампос уште во осмата минута од пенал постигна гол за водство на Севилја, пред во 53. минута да му асистира на Јусуф Ел Несри за потврда победата. Севилја има 26 поени по 14 одиграни меча, шест зад лидерот Атлетико Мадрид, додека Вилијареал имаат исто толку поени колку и Севилја, но од 16 одиграни меча.

Share
Scroll to Top