Селекторот делумно задоволен од играта против Грција

Селекторот делумно задоволен од играта против Грција

пред 4 месеци

Foto/ facebook.com/rfmofficial

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, делумно е задоволен како одиграа неговите избранци во победата над Грција 33:30. Синоќа македонските репрезентативци го одиграа вториот контролен натпревар, прет почетокот на Европското првенство.

„Грција е квалитетен противник. Почнавме во грч, но брз ги надминавме проблемите и влеговме во посакуваниот ритам. Мислам дека можевме да одиграме уште подобро. Не бевме комплетни ни недостигаа Пешевски и Марковски“, рече Лазаров и потоа го коментираше она што ја очекува Македонија на Европското првенство.

„Во прво коло играме против најдобрата репрезентација во Европа и светот. Се подготвуваме за тој натпревар, ќе дадеме се од себе, но секако дека многу работи ќе зависат и од Французите. Германија нема право на грешка пред домшната публика. Пред нас е многу работа, меѓутоа од ова може многу да се добие или да се научи“.

Македонските ракометари, вечерва ќе одиграат уште еден натпревар со Грција, но тој ќе биде зад затворени врати.

На ЕП покрај со Франција и Германија, Македонија ќе игра во групата и против репрезентацијата на Швајцарија.

Share
Scroll to Top