Серена Вилијамс нема да настапи на САД опен!

Серена Вилијамс нема да настапи на САД опен!

пред 3 години

Наскоро легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс ќе наполни 40 години, а на последните два грен слема на тврда подлога дојде до полуфиналето. Одигра 4 финалиња на грен слем турнири по породувањето во 2018 година.

Сепак, повредите си го направија своето, па таа реши да се посвети на семејството и поради тоа нема да настапи на САД опен – турнирот кој започнува на 30. овој месец.

Наведе дека се советувала со лекарската екипа, па добила препорака да ја продолжи паузата откако имаше повреда на тетивата.

„Њујорк е еден од највозбудливите градови во светот, едно од моите најдраги места за играње. Ќе ми недостасуваат фановите, но и јас ќе навивам. Ви благодарам на пораките за поддршка“ објави Серена на социјалните мрежи.

Таа во кариерата има 23 грен слем титули, а на САД опен победила шестпати.

Share
Scroll to Top