Серена го најави крајот на кариерата

Серена го најави крајот на кариерата

пред 2 години

Познатата американска тенисерка Серена Вилијамс најавува крај на блескавата кариера.
Серена, една од најдобрите тенисерки на сите времиња, успешно се врати на теренот на турнирот во Торонто

Американката ја забележа првата победа по 14 месеци, а на стартот на турнирот во Канада ја совлада Нурија Паризас Диас со 6:3, 6:4 по два часа игра.

Ова е нејзин втор турнир во сезоната, откако пред околу еден месец се врати на терените кога настапи на престижниот Вимблдон во Лондон.

По овој мечот со Диас таа призна дека наскоро ќе ја заврши кариерата.

„Го гледам светлото на крајот од тунелот. И се доближувам до таа светлина, па…Во последно време тоа е тоа за мене, некако едвај чекам да дојдам до таа светлина“, изјави Серена.

Share
Scroll to Top