Серена поразена на 1.000-тиот меч во кариерата, и Осака е шокирана во Рим

Серена поразена на 1.000-тиот меч во кариерата, и Осака е шокирана во Рим

пред 3 години

Серена Вилијамс денеска е поразена на Мастерсот во рим во својот 1.000-ти натпревар во кариерата. Американката на јубилејот загуби по голема борба од Аргентинската Надја Подороска со 2-0 (7-6 и 7-5).

Подороска во првиот сет испушти водство од 5-4, Серена го однесе мечот во тај-брејк, но сепак таму аргентинската тенисерка беше поуспешна за 1-0 во сетови.

Во вториот сет Подороска прави брејк при 2-1 во гемови, но повторно испушта свој сервис. Сепак при водство од 6-5 прави брејк кој и ја носи победата.

Американската тенисерка, Џесика Пегула го направи најголемото изненадување во второто коло во Рим. Таа ја елиминираше Јапонката Наоми Осака (втора на ВТА листата) со 7-6 и 6-2.

Осака испушти сет топка на сервис на ривалката во десеттиот гем, а потоа уште две во 12-тито, па Пегула славеше во тај-брејкот.

Џесика доминираше во вториот сет за голема победа и пласман во следната фаза.

Ова се резултатите на досега завршените натпревари од 2. kоло во женска конкуренција:

Барти – Шведова 2:0, 6:4, 6:1
Анисимова – Свитолина 1:2, 6:2, 3:6, 4:6
Ка. Плишкова – Севастова 2:0, 6:2, 6:3
Сакари – Гоф 1:2, 1:6, 6:1, 1:6
Звонарева – Квитова 2:1, 6:4, 3:6, 6:4
Мугуруза – Пера 2:1, 2:6, 6:0, 7:5
Гарсија – Кудерметова 0:2, 4:6, 4:6
Сорибес Тормо – Сабаленка 0:2, 5:7, 1:6
Мартиќ – Младеновиќ 2:0, 7:5, 6:3
Остапенко – Томљановиќ 2:0, 7:5, 6:3
Свјонтек – Кејс 2:0, 7:5, 6:1
Крејчикова – Кенин 2:0, 6:1, 6:4

Share
Scroll to Top