Серхио Перез во Ред Бул

Серхио Перез во Ред Бул

пред 3 години

Мексиканецот Серхио Перез, во текот на денот, треба да ја официјализира својата соработка со Ред Бул. Возачот на Рејсинг Поинт, во тимот на Ред Бул, ќе го замени Александер Албон кој остана без тим за наредната сезона. На местото на Перез, Рејсинг Поинт го ангажираа четирикратниот шампион Себастијан Фетел.

Перез (30), сезоната 2020, во генералниот пласман ја заврши на четвртото место. Пред него беа само пилотите на Мерцедес Луис Хамилтон и Валтери Ботас и неговиот нов тимски колега Макс Ферстапен.

Сезонава, Мекасиканецот, ја забележа првата победа во кариерата. Тој победи на претпоследната трка во сезоната, Големата награда на Сахир.

 

Share
Scroll to Top