Тесна победа за македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 во меч против незгодниот хрватски тим на Нексе 27-26 во рамки на регионалната СЕХА лига.
Избраниците на Стевче Алушевски стигнаа до втората победа во вториот сезонски настап на СЕХА благодарение на добрата игра во првото полувреме.
Првите 30 минути кои завршија во полза на „црвено-црните“ поминаа во комплетна доминација на домашниот тим. Предноста беше цел период на страна на Вардар, најмногу со +4.
Во второто полувреме гостите заиграа посигуро и стигнаа до израмнување, 23-23.
Искуството на Чупиќ, Дибиров и Борко Ристовски надополнето со грешките на гостинските ракометари доведе до тесна домашна победа на Вардар од 27-26. Треба да се спомене дека деби во црно-црвениот“ табор имаше новото засилување Шеваљевиќ.
Најпрецизни во домашната екипа беа Филип Талески и Иван Чупиќ со по 6 гола, Јотиќ постигна 4, а Ристовски мечот го заврши со 7 интервенции, од кои имаше двојна одбрана во последните 2 минути кога се кршеше резултатот.
Кај Нексе – Кевиќ постигна 7 гола, а Јагањац и Маркушиќ по 4.
Вардар има два триумфи во исто толку натпревари, значајни пред следните предизвици во Лигата на шампиони.
Фото: RK Vardar 1961 (FB)