Се жалат откако Реал Мадрид ги победи со 0:31 по само 40 минути!

пред 3 години

Младинскиот клуб САД Вилјаверде Сан Андрес преку социјалните мрежи се пожали на срамотниот 0:31 поарз од најмладиот тим на Реал Мадрид по само 40 минути.

„Вакви ситуации во детскиот фудбал не смеат да се случуваат. Големите клубови треба да ги користат стратегиите да се избегнат вакви порази, а федерацијата мора да направи преструктуирање на младинските категории“, се вели во објавата на Сан Андрес.

Ова не беше единствена „скандалозна“ победа на Реал Мадрид овој викенд – во категоријата „Ла фабрика“, Реал ги совладаа Полигоно Сан Блас со 19:0.

Исто така, ова не е ваков прв случај во шпанскиот фудбал – пред две недели во локалната лига на Валенсија во кадетски меч (14 и 15 годишни фудбалери), Лос Силос ги победија Депортес Хукар со 30:0, по што гостинскиот клуб се извини на социјалните мрежи. Реал Мадрид не ги објави своите победи на својот веб-сајт.

Шпански младински клуб се извини за победата од 30:0

Share
Scroll to Top