Се разделија Галатасарај и Фалкао

Се разделија Галатасарај и Фалкао

пред 3 години

Галатасарај и Радамел Фалкао спогодбено ја раскинаа соработката. 34-годишниот напаѓач како слободен играч бара нов клуб. Медиумите го поврзуваат со трансфер во САД.

Турските медиуми тврдат дека новиот тим на Фалкао ќе биде Интер Мајами, каде еден од сопствениците е Дејвид Бекам.

Колумбиецот на залезот на кариерата има многу проблеми со повредите, во последните 18 месеци, тој поради разни повреди пропуштил 31 натпревар.

Во кариерата Фалкао бил играч на Монако, Челси, Манчестер јунајтед, Атлетико Мадрид, Порто и Ривер Плејт.

Share
Scroll to Top