Се снима филм за животот на Зинедин Зидан

Се снима филм за животот на Зинедин Зидан

пред 1 час

Снимањето на биографскиот филм за поранешниот француски фудбалер и сегашен тренер на француската репрезентација Зинедин Зидан, под работен наслов „Un destin“ (Судбина), треба да започне во јануари 2027 година во Марсеј и неговата околина, објавуваат француските медиуми.

Филмот ќе го следи животот и кариерата на еден од најпознатите фудбалери во светот, од неговото детство во областа Кастелан во Марсеј, освојувањето на Златната топка и титулата светски шампион во 1998 година, па сè до неговиот успех со Реал Мадрид.

Филмот ќе опфати и настани од Светското првенство во 2006 година, вклучувајќи го и инцидентот во финалето кога Зидан го удри со глава италијанскиот играч Марко Матераци.

Според француските медиуми, аудициите се веќе во тек, продукцијата бара актери за улогите на членови на семејството од кабилиско потекло, домородни северноафрикански Бербери, млади фудбалери и истакнати личности од светот на францускиот фудбал, вклучувајќи ги Бернар Тапи, Еме Жаке, Биксент Лизаразу и Кристоф Дугари.

Се очекува режисер на филмот да биде Али Бугераба, 50-годишен филмски режисер од алжирско потекло, кој во младоста тренирал во младинската академија на фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј.

Зидан (54) неодамна започна нова фаза од својата кариера како тренер на француската репрезентација, а следните натпревари на неговиот тим се закажани за март, кога ќе се соочат со актуелните светски шампиони, Шпанците, во четвртфиналето на Лигата на нации на 25 и 28 март.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top