Сигурни дека ќе го добијат Меси, ПСЖ се „дистанцираат“ од Пол Погба

Сигурни дека ќе го добијат Меси, ПСЖ се „дистанцираат“ од Пол Погба

пред 4 години

Шансите на Пол Погба да направи трансфер во својот роден град, во супер-тимот на Пари Сен-Жермен се драстично намалени откако „светците“ речиси сигурно ќе го добијат Лионел Меси на двегодишен договор, кога најмалку го очекуваа тоа.

„Бомбата“ со заминувањето на Меси од Каталонија, откако Барса неуспеа да го регистрира под правилата на Ла лига, значи дека ПСЖ веќе нема итен интерес да го добие 28-годишниот Погба, и според весникот „Ла паризиен“, сега се обидуваат јавно да се „дистанцираат“ од францускиот репрезентативец.

Иако Меси уште официјално не се согласил за договор, со него во тимот, и со Нејмар и Килијан Мбапе, тимот ќе ја има потенцијално најубиствената напаѓачка тројка на светот.

Share
Scroll to Top