Сидорф му помага на Ван Дајк да се врати во форма

Сидорф му помага на Ван Дајк да се врати во форма

пред 4 години

Легендарниот холандски фудбалер Кларенс Сидорф, реши да оди на тренинзи за помош на капитенот на Холандија и ѕвезда на Ливерпул, Виргил ван Дајк, кој продолжува со работата за брзо враќање на теренот по повредата на лигаментите на коленото.

Сидорф, единствениот фудбалер во историјата кој ја освои Лигата на шампиони со три клуба (Ајакс, Реал Мадрид и двапати со Милан), беше во посета на Ван Дајк, кој во октомври доби сериозна повреда поради која најверојатно ќе паузира до крајот на сезоната.

„Денеска се приклучив на капитенот Виргил ван Дајк на малку тренинзи. Среќен сум што ја видов неговата посветеност и напорната работа да се врати на теренот уште посилен. Во вакви патувања, трпението и фокусот се клучи за успехот“, напиша Сидорф.

Share
Scroll to Top