Симеоне: Јунајтед се меѓу најдобрите во светот, немаат слабо место во тимот

Симеоне: Јунајтед се меѓу најдобрите во светот, немаат слабо место во тимот

пред 2 години

Атлетико Мадрид, вечерва, ќе го пречека Манчестер јунајтед, во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите. Ќе биде ова дуел на два тима, кои имаа големи амбиции на почетокот на сезоната, а кој до крајот на истата ќе водат голема борба во националните првенства да изборат место меѓу најдобрите четири екипи.

Атлетико нема да ја одбрани титулата во Шпанија, тоа е јасно по серијата на лоши резултати која започна во декември минатата година. На Шпанците не им е јасно што се случува со тимот кој е посилен од оној што ја освои титулата. Нереално делува податокот дека „јорганџиите“ примаат речиси два гола по натпревар. Во претходната деценија, во ерата на Чоло Симеоне, Атлетико примале во просек 0,7 голови по натпревар.

Тренеот на Атлетико има огромни проблеми со повредени играчи. Вечерашниот натпревар ќе го пропушат капитенот Коек, Тома Лемар и Даниел Вас, а поради суспензија нема да настапи Јаник Караско.

„Ако не грешам, ќе се сретнеме со еден од најдобрите клубови во светот на последните 14 натпревари. Во тој период доживеале само еден пораз. Со новиот тренер Јунајтед добија стабилност, посветеност и тимска работа. Напредуваат со новиот менаџер“, рекол Симеоне.

Најголем проблем ќе му биде човекот кој последните два месеци игра во лоша форма, Кристијано Роналдо. Португалецот секогаш е инспириран против Атлетико. Против овој тим има одиграно 32 натпревари во кариерата, постигнал 25 голови. Само на Севилја, Роналдо ѝ постигнал повеќе голови во кариерата, вкупно 27.

Симеоне смета дека опасноста за неговиот тим нема да доаѓа само од Роналдо.

„Тоа е силна, динамична и храбра екипа, со одлични напаѓачи. Имаат цврстина во одбраната, физички се силни, особено нивните дефанзивци и дефанзивните играчи во средниот ред. Секогаш ги проценувам добрите страни на противникот, се надевам дека ќе најдема начин да им наштетиме“.

Share
Scroll to Top