Симон незапирлив, постигна 42 поени

Симон незапирлив, постигна 42 поени

пред 4 години

Кошаркарите на Анадолу Ефес го победија Беледијеспор 90:84, во турскиот шампионат. Мечот го обелеѓа хрватскиот репрезентативец Крунислав Симон, кој постигна речиис половина од поени за својот тим.

Симон натпреварот го заврши со 42 поени, шест скока и пет асистенции. Хрватот промаши само еден од 12 шутеви кон противничкиот кош. На теренот мина 31 минута.

Анадолу Ефес се лидер во Турција со максимален ефект од седум победи.