Синер без шанси против разиграниот Ѓоковиќ

Синер без шанси против разиграниот Ѓоковиќ

пред 3 години

Новак Ѓоковиќ избори пласман во третото коло на Мастерсот во Монте Карло. Во својот прв меч, по пауза од седум недели, Ѓоковиќ за 95.минути, го победи младиот Италијанец, Јаник Синер со 6/4, 6/2.

Ѓоковиќ успешно се справи со 19-годишникот, на кого му предвидуваат блескава кариера. Дека не е импресиониран од својот идол, Синер, покажа во третиот гем, кога направи брејк и поведе со 2:1.

Од тој момент, Ѓоковиќ го крена нивото на својата игра, освои четири гема, дојде до предност 5:2, а кога сервираше за првиот сет Синер успеа да му го одземе сервисот. На крајот Ѓоковиќ сепак го освои сетот со 6/4.

Во вториот сет немаше никаква неизвесност, Ѓоковиќ дојде до 4:1, а во осмиот гем, на сервис на противникот, го заклучи мечот, искористувајќи ја третата меч топка.

Ѓоковиќ, во третото коло, ќе игра против победникот од Мајами, Роберт Фуркаш или Даниел Еванс.

Покрај Ѓоковиќ, во два сета, втората рунда ја минаа упте и Андреј Рубљов, Давид Гофан, Филип Крајиновиќ, Каспер Руд и Кристијан Гарин.

Share
Scroll to Top