Синер би можел да го пропушти Отвореното првенство на САД

Синер би можел да го пропушти Отвореното првенство на САД

пред 4 часа

Италијанскиот тенисер Јаник Синер би можел да го пропушти Отвореното првенство на САД поради повреда на коленото, објави „Газета дело Спорт“.

25-годишниот Синер се врати во Торино во понеделникот, каде што го започна закрепнувањето од повредата на коленото и го одржа својот прв тренинг во затворен простор.

Италијанецот ќе биде подложен на дополнителни прегледи, по што ќе биде донесена конечна одлука за неговото учество на Отвореното првенство на САД.

Тимот на Синер не сака да го ризикува здравјето на својот тенисер. Доколку тестовите не покажат дека неговото колено е целосно здраво, Италијанецот ќе го пропушти турнирот.

Петкратниот Гренд слем шампион е надвор од терените од јули поради повреда на коленото.

Отвореното првенство на САД во 2026 година ќе се одржи во Њујорк од 30 август до 13 септември.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top