Синер доби признание кое Федерер го добиваше 19 пати во кариерата, а Ѓоковиќ никогаш

Синер доби признание кое Федерер го добиваше 19 пати во кариерата, а Ѓоковиќ никогаш

пред 9 месеци

Италијанскиот тенисер Јаник Синер, моментално четврти на АТП-листата, е омилен играч на навивачите за 2023 година. Тоа е награда која редовно одеше во рацете на Роџер Федерер кога Швајцарецот беше активен тенисер. Федерер 19 пати беше миленик на навивачите, од кои освои 17 награди по ред.

За споредба, Шпанецот Рафаел Надал беше миленик на навивачите само еднаш во кариерата и тоа минатата година, додека актуелниот најдобар тенисер во светот Новак Ѓоковиќ никогаш во кариерата не ја освоил оваа титула.

Во текот на годината, Синер освои четири АТП турнири и стигна до четвртото место во светот. Тој играше во финалето на финалето на АТП финалето во Торино и на самиот крај на годината ја предводеше својата земја до освојување на Дејвис купот. Во конкуренција на парови, навивачите за омилена комбинација ги избраа Русите Андреј Рубљов и Карен Хачанов.

Share
Scroll to Top