Синер ослободен од сите обвиненија

Синер ослободен од сите обвиненија

пред 3 месеци

Светската антидопинг агенција (ВАДА) одлучи да не поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана против пресудата на Јаник Синер во случајот со допинг скандалот.

Да потсетиме, Италијанецот двапати беше позитивен на забранетата супстанца клостебол, но во двата наврати веднаш му беа укинати суспензиите.

Само еден ден по победата на Ју-ес опен, првиот светски тенисер ВАДА, како и италијанската антидопинг агенција (НАДА), имаа можност да ја обжалат одлуката на Меѓународната агенција за интегритет во тенис (ИТИА).

Сепак, двете организации одлучија да не се жалат на првичната одлука, потврди италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Ова значи дека Синер ќе ги задржи титулите на Ју-ес опен, Мајами и Синсинати, а нема да му бидат одземени ниту бодовите освоени за полуфиналето на Индијан Велс и Монте Карло, четвртфиналето во Мадрид, полуфиналето на Ролан Гарос, титулите во Хале, четвртфиналето на Вимблдон, четвртфиналето во Монтреал.

Доколку одлуката беше спротивна, суспензијата ќе важеше од моментот на утврдување на контаминацијата, односно Индијан Велс, по што ќе му беа избришани сите постигнати резултати.

Share
Scroll to Top