Синот на Лилиан Турам првпат меѓу „петлите“

Синот на Лилиан Турам првпат меѓу „петлите“

пред 4 години

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп повика 26 играчи за трите репрезентативни средби овој месец.

Франција најпрво ќе ги одмери силите со Финска на пријателски дуел во Париз, по што следува гостување кај Португалија и домашен дуел со Шведска во рамки на групната фаза од Лигата на нации.

Франција моментно е втора во групата со 10 бодови зад Португалија, додека трета е Хрватска која пак е во предност од 3 бода пред Шведска.

Меѓу повиканите играчи на „триколорите“ е и Маркус Турам кој има можност за деби во А-селекцијата. Синот на прославениот француски дефанзивец, Лилијан Турам ја започна новата сезона во дресот на Борусија Менхенгладбах, тим за кој на 10 меча има 3 гола и 5 асистенции.

Од останатите повикани играчи, меѓу најзвучните имиња се Килијан Мбапе, Антоан Гризман, Пол Погба и Рафаел Варан.

Share
Scroll to Top