Сите против Суперлигата, но дали „новата“ ЛШ на УЕФА е многу подобра?

Сите против Суперлигата, но дали „новата“ ЛШ на УЕФА е многу подобра?

пред 4 години

По „бомбата“ со објавувањето на планот за Европската Суперлига (ЕСЛ) на 12-те најмоќни европски клубови следуваа голем број на осуди, од обични фанови, до фудбалери, до поранешни фудбалски легенди.

Одговор на планот дојде денеска со објавата на новиот формат на европски натпреварувања на УЕФА, почнувајќи од 2024. Но, дали тоа е нешто подобро и навистина носи повеќе за „малите“ клубови, „малите“ фудбалски нации и обичните фанови?

Извршниот комитет на УЕФА во Монтро, Швајцарија, едногласно го одобри планот, со кој ќе се направат големи промени на европските натпреварувања од сезоната 2024/25. Што точно има во него?

Лигата на шампионите, елитното натпреварување, се зголемува од 32 на 36 клуба, и наместо натпревари по групи има лигашки статус, и секој клуб ќе има гарантирано 10 лигашки натпревари против 10 различни противници (пет дома, пет на гости). Најдобрите осум влегуваат во нокаут-фазата, а од 9 до 24 место играат во плејоф за влез во осминафинале.

Слични промени ќе има и во Лига Европа (8 меча во лигашкиот дел) и во Конференциската Лига Европа (6 меча во лигашкиот дел).

Квалификациите за ЛШ ќе продолжат да бидат „отворени“ и ќе се заслужуваат според перформансите во домашните шампионати. Сепак, наместо како досега, четири клуба од големите фудбалски нации да имаат место во ЛШ, постои можност и петта екипа да игра во елитата. Тука е и „бонусот“ – две места кои ќе ги добиваат клубовите со највисок коефициент во последните пет години кои не влегле во групната фаза на ЛШ, но играле во квалификациите или во Лига Европа.

Share
Scroll to Top