Сити верноста на Гвардиола ќе ја „купува“ со трансфери вредни 300 милиони евра

Сити верноста на Гвардиола ќе ја „купува“ со трансфери вредни 300 милиони евра

пред 4 месеци

Манчестер сити има намера да го задржи Пеп Гвардиола во клубот и по завршувањето на актуелната сезона. Договорот на Шпанецот со „граѓаните“ исекува во јуни 2025 година.

Гвардиола се уште не се изјаснил дали ќе остане, но англиските медиуми пренесуваат дека челниците Манчестер сити прават се за да го задржат Гвардиола.

Гвардиола стана првиот стручњак кој четири пати по ред ја освојувал титулата со својот тим во Премиер лигата. Сити под водство на Гвардиола освои шест од последните седум титули во Премиер лигата.

За да го убедат Гвардиола да остане, клупските челници се подготвени да му дадат годишна плата поголема од 20 милиони евра (нето), плус да му донесат двајца играчи за кои се подготвени да одвојат вкупно 300 милиони евра.

Станува збор за двајцата млади германски фудбалери, Џамал Мусиала од Баерн и Флоријан Вирц од Баер Леверкузен.

Share
Scroll to Top