Сити вметнале „анти-Манчестер јунајтед“ клаузула при продажбата на Брахим

Сити вметнале „анти-Манчестер јунајтед“ клаузула при продажбата на Брахим

пред 4 години

Манчестер сити при продажбата на Брахим Дијаз на Реал Мадрид инсистирале во договорот да има „анти-Манчестер јунајтед“ клаузула, односно да се спречи нивните градски ривали да го добијат фудбалерот.

Доколку Мадрид во иднина решат да го продадат Дијаз на „Олд Трафорд“, ќе мора да му платат на Сити 40 отсто од трансферот, тврди шпанска „Марка“.

Пеп Гвардиола се обидуваше да го заддржи напаѓачот во тимот, но Дијаз бараше повеќе минути и беше продаден во јануари 2019 година на Реал Мадрид за 15.5 милиони фунти. 21-годишниот Шпанец има договор до 2025 година, но бидејќи не беше редовен ниту кај „кралевите“ тие го пуштија на позајмица во Милан, каде што веќе има 17 настапи во Серија А и три гола. Дијаз беше стартер при 1:1 ремито на Милан против Манчестер јунајтед.

Share
Scroll to Top