„Сити има финансиска моќ да го донесе Меси“

„Сити има финансиска моќ да го донесе Меси“

пред 4 години

Еден од челниците на Манчестер сити, Омар Берада, најавил дека клубот ќе се обиде да го донесе Лионел Меси наредното лето доколку Аргентинецот ја напушти Барселона.

Меси минатиот месец изрази желба да ја напушти Барселона, кога и се шпекулираше дека ќе се пресели во Сити кај поранешниот тренер Пеп Гвардиола. Сепак по две недели неизвесност откако му стана јасно дека Барселона нема да го пушти без обесштетување тој објави дека ќе остане на „Ноу Камп“.

Неговиот договор со Барселона истекува наредното лето и доколку во меѓувреме не го продолжи веќе во јануари ќе може да преговара со заинтересираните клубови.

„Меси е најдобриот фудбалер во светот, најдобар е во својата генерација. Сметам дека секој клуб во сетот би сакал да има можност да го донесе во своите редови. Нашите планови, кога се работи за актуелниот состав се завршени, но подготвени сме да реагираме доколку треба да се засилиме на било која позиција. Имаме финансика моќ и систем кој би ни овозможил таква инвестиција доколку тоа биде потребно“, рекол Берада.

Меси е во Барселона од својата 13 година, со клубот освоил 10 трофеи во Ла Лига, четири во Лигата на шампионите, шест во Купот…

Share
Scroll to Top