Сити и Гвардиола не застануваат – покрај Грилиш и Кејн, го сакаат и Рис Џејмс!

Сити и Гвардиола не застануваат – покрај Грилиш и Кејн, го сакаат и Рис Џејмс!

пред 3 години

Ако се верува на англиските медиуми, Манчестер сити и Пеп Гвардиола ќе влезат во лудо трошење ова лето откако по најавените трансфери на Џек Грилиш од Астон вила и Хери Кејн од Тотенхем, ќе се обидат да го добијат и Рис Џејмс од Челси.

Се верува дека Челси не сакаат да се откажат од Џејмс, кој од своето деби за „сините“ во 2019, беше еден од најдобрите фудбалери при 1:0 победата на Челси над Сити во финалето на ЛШ. Тој има 84 настапи во последните две сезони, и иако во својот тим Гвардиола ги има Кајл Вокер и Жоао Кансело, тој бил многу импресиониран и сака да се склучи договор.

Џејмс има уште четири години од договорот со Челси, но Сити има доволно голема финансиска моќ да го оствари трансферот, тврди британскиот „Атлетик“. Сепак, троен трансфер на Кејн, Грилиш и Џејмс сигурно ќе ги чини Сити над 300 милиони фунти, што и за богатите арапски газди може да е преголема сума.

Share
Scroll to Top