Сити покажале интерес за Гризман

Сити покажале интерес за Гризман

пред 3 години

Доколку не успеат да го донесат Хари Кејн, челниците на Манчестер сити ќе се обидат да го убедат Антоан Гризман да се пресли на „Етихад“, тврдат англските медиуми. Кејн заедно со Џек Грилиш од Астон Вила се приорите за Сити во летниот преоден рок.

Грилиш се наоѓа пред трансфер во Манчестер сити, медиумите шпекулираат со сума од 100 милиони фунти, додека Тотенхем за Кејн бара повеќе пари. Наводно помеѓу 160 и 180 милиони фунти.

Доколку не успеат со Кејн, тогаш од Сити би испратиле понуда до Барселоа за Антоан Гризман.

Гвардиола сметал дека францускиот ас добро би се вклопил во нападот на неговиот тим. Гризман е многу поевтин од Кејн, според „Трансфермарк“ неговата вредност изнесува 67 милиони евра.

Барселона се наоѓа во тешка финансиска ситуација, а Гризман има висока плата (околу17 милиони евра по сезона). Добра понуда за Гризман во Барселона со сигурност би прифатиле. Прашање е само дали тој сака да го напушти клубот.

Share
Scroll to Top