Манчестер сити, очекувано, се пласираа во осминафиналето на Англискиот Лига куп, победувајќи го третолигашот Вајкомб вондерерс со 6:1, и покрај тоа што гостите шокантно дојдоа во водство и ги намачија во првите 20-тина минути од мечот.
И Ливерпул ја оправдаа фаворитската улога со 3:0 победа кај Норич, како и Брентфорд, кои со 7:0 ги „прегазија“ Олдам и Барнли, кои со 4:1 беа подобри од Рочдејл.
Но, дел од премиерлигашите не го преживаа првиот тест – Вотфорд успеа дома да загуби со 1:3 од Стоук сити, додека Евертон во пенал драма, успеа да загуби од Квинс Парк Ренџерс по 2:2 ремито по 90 минути.
ЕФЛ ЛИГА КУП, 1.КОЛО
Брентфорд – Олдам 7:0
Барнли – Рочдејл 4:1
Фулам – Лидс 0:0, 5:6 пен.
Манчестер сити – Вајкомб 6:1
Норич – Ливерпул 0:3
Престон – Челтенам 3:1
Квинс Парк Ренџерс – Евертон 2:2, 8:7 пен.
Шефилд јунајтед – Саутемптон 2:2, 2:4 пен.
Вотфорд – Стоук сити 1:3
Виган – Сандерленд 0:2