Си даде смешен автогол, сега клубот му подготвува раскин на договорот

Си даде смешен автогол, сега клубот му подготвува раскин на договорот

пред 3 години

Бразилскиот дефанзивец на Лион, Марсело е пратен да тренира со резервниот тим додека клубот му подготвува отказ, откако си даде автогол при шокантниот 3:0 пораз од Анжер, по што имало конфликт во соблекувалната.

„Непримерното однесување на Марсело во соблекувалната по мечот со Анжер ја оправдува оваа одлука, која беше донесена едногласно од менаџерскиот тим на Олимпик Лион“, се вели во објавата на клубот.

34-годишниот ветеран се обиде да му ја врати топката на голманот Антони Лопеш, за да си постигне смешен автогол во текот на мечот, по што се случил инцидентот во соблекувалната. Марсело доби едногодишно продолжување на договорот оваа година, но сега се верува дека Лион ќе го раскине неговиот договор.

Share
Scroll to Top