Скалони уште четири години на кормилото на Аргентина

Скалони уште четири години на кормилото на Аргентина

пред 2 години

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, ќе остане на клупата на „гаучосите“ уште четири години. Тој за одличните резултати беше награден со нов договор, според кој циклусот треба да го заврши на Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

„Горд сум што можам да соопштам дека се договоривме со Лионел Скалони да остане селектор до крајот на мундијалскиот циклус во 2026 година“, изјави првиот човек на аргентинскиот фудбал, Клаудио Тапија.

Скалони со „гаучосите“ ја освои Копа Америка во 2021 година победувајќи го Бразил во финалето, а во јуни годинава славеше и во пресметката меѓу шампионите на Јужна Америка и Европа на мечот во Лондон. Меси и другарите ја победија Италија со 3:0 во Лондон.

Со Скалони на кормилото, Аргентина е непоразена на последните 35 натпревари.

На Светското првенство во Катар, Аргентина е во групата Ц со Саудиска Арабија, Мексико и со Полска.

Share
Scroll to Top