Скандал во Манчестер Јунајтед: Џејдон Санчо започна јавна расправија со Ерик тен Хаг

Скандал во Манчестер Јунајтед: Џејдон Санчо започна јавна расправија со Ерик тен Хаг

пред 8 месеци

Поразот на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Арсенал од 3:1 донесе нов проблем на „Олд Трафорд“. Напаѓачот Џејдон Санчо му возврати на менаџерот Ерик тен Хаг за одлуката тој да не биде вклучен во составот за дуелот на „Емирати“.

Поранешниот играч на Борусија Дортмунд беше меѓу резервите на првите три натпревари досега, но го немаше воопшто во тимот против Арсенал.

„Одлучивме Џејдон да не биде дел од тимот врз основа на неговиот настап на тренинзите. Во Манчестер Јунајтед мора да настапувате на одредено ниво секој ден, а ние исто така правиме избори во навалната линија. Тој не беше избран за овој натпревар“, изјави Тен Хаг на новинарските прашања по мечот.

Сепак, крилниот напаѓач му одговори на својот менаџер со објава на социјалните мрежи. Тој се прогласи за „жртвено јагне“.

„Ве молам, не верувајте во сѐ што ќе прочитате! Нема да дозволам луѓето да кажуваат работи кои се целосно невистинити, моето однесување на тренинзите оваа недела беше многу добро. Верувам дека има и други причини за оваа ситуација во кои нема да навлегувам бидејќи долго време сум жртвено јагне што не е фер! Сè што сакам да направам е да играм фудбал со насмевка на лицето и да придонесам за тимот. Ги почитувам сите одлуки кои се донесени од стручниот штаб, имам можност да играм со фантастични играчи, на што сум благодарен и знам дека секоја недела е нов предизвик. Ќе продолжам да се борам за клубот без разлика на се“, напиша Санчо.

Share
Scroll to Top