Скот Карсон по 10 години се враќа во Премиер лигата за да добие шпалир!

Скот Карсон по 10 години се враќа во Премиер лигата за да добие шпалир!

пред 4 години

Скот Карсон, 35-годишниот резервен голман на Манчестер сити ќе стартува првпат за тимот на Пеп Гвардиола по 10 години чекање на клупа (и на позајмица), за на гостувањето на „Сент Џејмс Парк“ да добие шпалир како шампион на Англија од фудбалерите на Њукасл јунајтед.

Поранешниот голман на Лидс и Ливерпул последните две сезони беше на позајмица во второлигашот Дерби каунти и вообичаено е трет голман во тимот. Ова ќе биде негов прв премиерлигашки меч од тој за Вест Бромвич Албион во мај 2011 година, пред неверојатни 3.645 дена.

Карсон, кој има и четири настапи за англиската репрезентација, е омилен лик меѓу фудбалерите на Сити и ќе биде 60-тиот фудбалер на кој Пеп Гвардиола му дал шанса.

Share
Scroll to Top